
ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА
Иницијативата „Модерно Скопје“ е започната во 2023 од страна на здружението за поддршка и промоција на културата Континео 2020.
Нејзината цел е да овозможи комерцијален медиум за вреднување на обележјата и особините кои го прават Скопје модерен град, преку основање на онлајн продавница за сувенири и подароци со современ дизјан.
Користејќи едноставен дизајн, применет врз секојдневни предмети, оваа иницијатива сака да поттикне и одржи афирмативен однос кон препознавање на модерното наследство на градот.
Токму затоа, таа започнува со кадри од издвоени јавни објекти на скопската модерна архитектура, како непокорливо присуство и белег на модерното во скопскиот пејзаж.
Иницијативата ќе стреми да биде придружена со податоци од информативен карактер со цел непосредно да ја доближи модерна историја на Скопје до пошироката јавност.
Производите на „Модерно Скопје“ се резултат од соработката со архитекти, фотографи, уметници, кустоси, графички дизајнери, итн чиешто професионално делување е поттик за иницијативата.
Дарувањетo на овие производи би претставувало симболичен гест на негување на модерниот дух.
Во моментов, производите се достапни преку оваа веб страница и делумно во книжарницата на Музејот на современата уметност - Скопје.