Правила и услови
Оваа веб-страница е сопственост на Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата Континео 2020 - Скопје.
Поврат и рефундирање
При прием на оштетен, неисправен или погрешен производ го задржувате правото да ја вратите нарачката.
Задолжително проверете ја нарачката и контактирајте нè доколку доставениот производ е оштетен, неисправен или погрешен.
Имаме политика за поврат во времетраење од 14 дена. Можете да побарате поврат на оштетен, неисправен или погрешен производ во рок од 14 дена по добивањето на вашата нарачка. За да започнете процес на поврат, најпрво треба да нè контактирате на contact@skopjemodern.com.
Вратените артикли мора да бидат во нивната оригинална амбалажа, како при испорака.
Кога вашето барање ќе биде одобрено, ќе ве контактираме преку е-пошта со сите преостанати инструкции за тоа како и каде да го извршите повратот.
Ќе ве известиме преку е-пошта штом го примиме и провериме вратениот производ.
Средствата во вредност на чинењето на вратениот производ ќе ви бидат вратени во рок од 7 работни дена по пристинување на производот во неговото оригинално пакување кај нас.
Испорака и начини на плаќање:
Во моментов испорачуваме само во Северна Македонија со помош на курирски услуги.
За сите нарачки до 1.300 денари трошокот за испорака изнесува 150 денари. Сите нарачки во вредност над 1.300 денари се доставуваат бесплатно.
Во моментов единствениот расположлив начин на плаќање е во готово при достава.
Примените нарачки се испорачуваат во период од два работни дена, вообичаено во 24 часа од нарачката. Не преземаме одговорност за доцнење на испораката поради празници, штрајкови или слични околности. Ако нарачката се изгуби, украде или се оштети за време на испораката, одговорност ќе се бара од курирската служба.
Независно од околностите, во случај на било какви непријатности, ве молиме контактирајте нè на contact@skopjemodern.com и заедно ќе најдеме љубезно и разумно решение.
Политика за приватност
Овој дел опишува како вашите лични информации се собираат, користат и споделуваат при и по посетување на нашата веб страна или купување на производ од нас.
Информациите за вашиот уред, веб пребарувач, IP адресата, временската зона и некои од „колачињата“ од вашиот уред автоматски се собираат кога ќе ја посетите нашата веб-страница. Овие информации се нарекуваат „Информации за уредот“.
Кога купувате, од вас прибираме информации како што се: вашето име, адреса за наплата и испорака, е-пошта и телефонски број. Овие информации се нарекуваат „Информации за нарачка“.
Ги користиме „Информациите за уредот“ и „Информациите за нарачка“ за следните цели:
-
Комуникација со вас како наш клиент
-
Испорака на вашата пратка
-
Фактурирање, потврди за нарачки и потврди за испорака
-
Следење на нарачки
Исто така, ги споделуваме „Информациите за нарачката“ со трети лица со цел испорака бидејќи користиме курирски услуги за да ги доставиме нашите производи до вас. Ние, исто така, користиме услуги од трети страни за аналитика и маркетинг за кои се користат вашите „Информации за уредот“.
Доколку имате прашања, ве молиме контактирајте нè на contact@skopjemodern.com.